Младите фудбалери повторно ремизираа со Израел, Чурлинов промаши пенал за победа

фото: ФФМ

Младата фудбалска репрезентација до 21 година, одигра 1:1 на гостувањето кај Израел во квалификациите за ЕП. Резултатот од натпреварот кој се играше во Нетанја е идентичен од тој што се играше во Скопје.

Натпреварот започна половина час подоцна, откако претходно беше исто така беше променет терминот, а причината за доцнењето е бидејќи главниот судија бил позитивен на коронавирус.
Израелците поведоа уште во првата минута, поточно во 16. секунда од натпреварот со голот на Јосефи.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски имаа можност на стартот од второто полувреме да израмнат, но Дарко Чурлинов во 51. минута не го реализира пеналот. Сепак, 25. минути подоцна Македонија израмни со голот на Јани Атанасов.

По ремито во Израел, Македонија остана на второто место на табелата со 16 бода, два повеќе од Израле, а во последното коло на 17. ноември во Скопје ќе игра против Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот