Младиот кантавтор Јон Иди објави видеоспот со темата „Мај фајр“ (ВИДЕО)

По кратка пауза во 2021 година, младиот кантавтор Јон Иди (Yon Idy) се враќа на сцената со најновиот сингл „Мај фајр (My Fire)“, кој го истражува сомнежот што секој од нас го носи во себе додека ги следиме сопствените страсти.

Песната „Мај фајр“ Јон ја напишал во време кога се борел да го пронајде патот до музичкиот бизнис. Ги преточил чувствата во зборови за да си даде поддршка. Тоа е песна создадена да ве стопли одвнатре. Првенствено, сакал да ја задржи песната за себе, но одлучил да ја пушти, откако од многумина добил позитивни коментари.

Јон е пејач-текстописец од Скопје. Пораснал опкружен со музика. Кога започнал да свири на гитара на 16-годишна возраст, ја открил љубовта кон пишување песни. Моментот бил толку природен што тој веднаш знаел дека тоа ќе биде неговата доживотна пасија. Тој постојано излегува од својта комфорна зона за да создава нови стилови.

Неговиот музички стил може да се опише како инди-поп, на моменти воден од акустични инструменти. Во раното детство имал влијание од Леонард Коен, „Битлси“ и „Мјуз (Muse)“.

Неговата музика може да се опише како комбинација од пејачот и бендовите, што може да се увиди во „Мај фајр“, која го има интимното наративно пеење со вокалот на Леонард Коен, чувството на оркестарска продукција комбинирана со рок и блуз акордна прогресија, која ја користат „Мјуз“, и поп-мелодија, лесна за уво, која ги направи „Битлси“ најдобриот бенд на сите времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот