Младата популација на удар во корона-кризата: Речиси шест милиони лица останаа без работа во ЕУ

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Корона-кризата, без преседан, имаше влијание врз економијата во Европската Унија (ЕУ), како и на пазарот на трудот и на оопштеството во целина, покажува студијата на Европската фондација за подобрување на работните и на животните услови.

Според резултатите од истражувањето на агенцијата со седиште во Даблин, до пролетта во 2020 година во ЕУ имаше 5,7 милиони вработени луѓе помалку за разлика од крајот на 2019 година. Тоа значи дека стапката на невработеност во Унијата се зголеми од 6,6 на 6,7 проценти.

Во 12-те месеци, до почеток на пролетта во 2020 година, вработеноста во ЕУ падна за 2,4 проценти, бројот на неделни часови на оние кои работеа беше помал за, речиси, еден час, додека уделот на вработени со договор на дело кои не работеа се дуплира на 17 проценти, објави „Раша тудеј“.

До јули лани, речиси 50 отсто од работниците во ЕУ мина на целосна или делумна работа од далечина, фрлајќи „нови ракавици“ на пазарот на труд при што високообразовните лица и оние во урбаните средини беа во подобра позиција да работат од дома, се наведува во студијата.

Најостар пад на вработеноста е забележан меѓу младата популација, додека работниците на возраст од 25 до 54 години и повозрасните од машки пол, воглавно имаа скратено работно време.

Значителни разлики се регистрирани и во поглед на условите за работа меѓу државите-членки на Унијата, а најтешко погодени со пандемијата беа Франција. Полска, Италија и Грција, стои во извештајот.

За споредба, за време на глобалната економска криза од 2008 до 2010 година, најголеми загуби претрпеа вработените со средни примања, додека ковид-кризата до вториот квартал во 2020 година во најголема мера ги погоди најниско платените работници.

Фондацијата „Еурофондс“ предвидува дека стапката на невработеност во ЕУ ќе порасне на 8,6 проценти во 2021 година и ќе се задржи на околу осум проценти во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот