Млад разбојник од Штип уапсен откако ограбил врсник

Штип / Фото: МИА

24-годишен разбојник од Штип нападнал негов врсник во градот и му го зел паричникот, соопшти МВР.

„На 22.09.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Штип. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот физички го нападнал С.К.(24) од Штип во неговиот дом во Штип и му го одзел паричникот. Паричникот бил пронајден и вратен на сопственикот“, велат од полицијата.

Лицето било задржано во Полициска станица Штип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот