Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Битола

На 17.05.2019 година во 16.25 часот на крстосница од ул.„Илија Николовски Луј“ и ул.„Глигор Прличев“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган “ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(60) од Битола и мотоцикл „Роад БајкБД 125-5“ без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник на мотоциклот. Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Битола каде има била укажана лекарска помош, се вели во Дневниот билтен на МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот