Митревски и Порто извлекоа реми на гостувањето кај Веспрем

Порто и Веспрем одиграа без победник/ фото: EPA-EFE/Tamas Vasvari

Екипата на Порто успеа да остане непоразена на гостувањето кај Веспрем играјќи 28:28 во 11 коло од групата Б во лигата на шампионите. Голманот на македонската репрезентација Никола Митревски целиот натпревар го преседе на клупата, а во игра влезе само при изведување на седмерец на Веспрем, но не успеа да го одбрани.

Веспрем во првиот дел најчесто беше предност, но на одмор се замина со нерешени 15:15 и тоа откако Мае погоди во последните моменти за унгарскиот тим. Во вториот дел, ракометарите на Порто поголем дел од времето беа во водство, но Веспрем со голот на Петар Ненадиќ во последната минута остана непоразен.

Најефикасни во тимот на Веспрем беа Кентан Мае и Петар Ненадиќ со по шест гола, Македа даде четири, додека во редовите на Порто М’Бенге, Веитиа Валдес и Салина со по четири пстигнати голови.

Алборг славеше на гостувањето кај Мешков Брест со 30:33 и се израмни со Монпелје на врвот на табелата во групата А. Феликс Клар со седум погодоци беше најефикасен кај Данците, додека во редовите на Мешков Брест, поранешниот вардарец, Сташ Скубе постигна осум гола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот