Мишел ѝ вети тенкови на Украина

Шарл Мишел/ Фото Kenzo TRIBOUILLARD / AFP / Profimedia

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска се заложи за испорака на тенкови и повеќе опрема во Украина со цел да се обезбеди уште посилен отпор на рускиот агресор.

– Ние во Европската Унија продолжуваме да ја поддржуваме Украина сè додека е потребно. Сега е време за повеќе опрема и јас лично сум за снабдување со тенкови, рече Мишел во говорот на пленарната седница на Европскиот парламент.

Во последно време се зголемува притисокот за снабдување со западни тенкови на Украина. Велика Британија најави дека ќе ги испрати своите тенкови „Челинџер 2″, а со тоа се отвора пат и Германија да ги испрати своите Леопарди.

Германскиот канцелар Олаф Шолц се спротивстави само Германија да испраќа тенкови и сега по британската одлука таа пречка е отстранета.

Либералниот пратеник од Белгија Ги Верхофштад објави дека 112 пратеници во Европскиот парламент побарале промена на стратегијата и испраќање тенкови и ракети со долг дострел во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот