Мисајловски од Чаир: За да ја промениме оваа власт да ги натераме граѓаните да излезат на избори на 15 јули- нека победи Македонија!

Знам дека Чаир е доста погоден, сите вие, ние ќе издржиме, не втурнаа во една кампања иако инсистиравме да паднат овие бројки, бидејќи пред се се работи за човечки животи , но ние сме подготвени како ВМРО-ДПМНЕ секогаш да одиме на избори, ова попладнево од средбата во Чаир го истакна носител на Изборната единица 2, Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Гледате што се случува изминатите три години, не сакам да ве оптоварувам со сите оние црнила и со сите оние неправди. Штом ве има во толку голем број тука на овој настан, јас сум убеден дека во Чаир ќе имаме убедлива победа, рече Мисајловски. За да се промени сето ова треба да ги натераме граѓаните да излезат на избори на 15 јули. Мораат да излезат со сите мерки и претпазливост и да гласаат, друг начин за да ги смениме немаме. Ние ќе бидеме максимално внимателни  да не го прошириме овој вирус, а сите знаете дека од СДСМ поради предвремената кампања сега се нов кластер на заразата и тоа најмногу се прошири во изборна единица 2, истакна Мисајловски.

Тој додава дека Чаир ќе победи, нека победи цела Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот