Министрите за здравство на земјите од ЕУ на состанок во Брисел за коронавирусот

Министрите за здравство на Европската Унија ќе се состанат следниот петок во Брисел, за да разговараат за мерките за борба против коронавирусот, напиша денес портпаролот на Европската комисија на Твитер.

Министрите веќе се состанаа на 13 февруари и одлучија да ги координираат силите во борбата против епидемијата.

Бројот на заразени со коронавирусот во светот изнесува 84.117 луѓе од кои 2.870 починаа во 59 земји и територии, објави агенцијата „Франс прес“ на основа на службените извори до 18 часот денес, пренесува „Индекс“.

Претходно денес Светската здравствена организација (СЗО) го подигна ризикот поврзан со коронавирусот на „многу висок“, што е највисоко можно ниво, бидејќи заразата е потврдена кај околу 79.000 луѓе во Кина и повеќе од 5 илјади во светот.

СЗО ја зголеми проценката за заканата од коронавирусот на највисоко ниво

Од четвртокот во 18 часот до денес во 18 часот се забележани нови 1.435 новозаразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот