СЗО ја зголеми проценката за заканата од коронавирусот на највисоко ниво

„Се наоѓаме на највисоко ниво на предупредување или на највисоко ниво на проценка на ризикот во однос на ширењето и во однос на влијанието“, изјави доктор р Мајк Рајан, извршен директор на програмата за вонредни здравствени состојби на СЗО.

Светската здравствена организација објави дека ризикот од ширењето на новиот коронавирус е „многу висок”, откако вирусот се прошири во најмалку 49 земји.

– Jа зголемивме нашата проценка за ризикот од ширењето и ризикот од изложеност на Ковид-19 на многу висок на глобално ниво – изјави директорот на СЗО Тедрос Гебрејесус.

„Се наоѓаме на највисоко ниво на предупредување или на највисоко ниво на проценка на ризикот во однос на ширењето и во однос на влијанието“, изјави доктор р Мајк Рајан, извршен директор на програмата за вонредни здравствени состојби на СЗО.

Тој додаде дека зголемувањето на степенот на ризик не се обидува да ги алармира или да ги исплаши луѓето.

– Ова е проверка на реалноста за секоја влада на планетата: Разбудете се. Подгответе се. Овој вирус можеби е на пат и треба да бидете подготвени. Вие имате должност кон вашите граѓани, вие имате должност светот да биде подготвен – истакна Рајан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот