Министерството за правда смета дека Блупринт не треба да избрзува со излез од работната група за КЗ

Министерство за правда / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Работната група за изготвување на новиот Кривичен законик е самостојна во своето работење и досега за ниту една одредба не е вршено влијание кај претседателот или членовите, соопшти денеска Министерството за правда откако утрово граѓанските организации од Блупринт групата за реформи во правосудството соопшти дека ја напуштаат работната група што го подготвува новиот Кривичен законик затоа што власта го злоупотребува нивното учество.

– Во однос на ставот на Блупринт сметаме дека не треба да се избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група од причина што како што беше напоменато од страна на министерот за правда, Кренар Лога, работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од страна на Собранието. Придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат – соопшти Министерството за правда.

Процесот на изготвување на новиот КЗ, додаваат, е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство.

– Оваа обврска произлегува исто така и од билатералниот скрининг со ЕУ за донесување на комплетно нов КЗ усогласен со меѓународните стандарди – соопшти Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот