Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет во високото образование ќе се одржи во Скопје

Министерството за образование и наука и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ERI SEE на 26 и 27 септември во Скопје ќе организираат Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование.

МОН соопшти дека на конференцијата, со над 80 учесници, ќе се обратат министерот Јетон Шаќири и министрите за образование на Србија, Црна Гора, заменик-министерот за образование на Литванија, како и директорот на Иницијативата за образовни реформи, директори на агенциите за високо образование на Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија и претставници на академската заедница од Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот