Министерката Костадиновска-Стојчевска на министерска конференција „Баукултур” во Давос

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска и утре ќе учествува на Втората конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур Давос 2023″, која, под мотото „Заедничко добро – споделена одговорност”, се одржува во Давос, Швајцарија.

Заедно со министрите за култура од повеќе од 20 европски земји, министерката Костадиновска-Стојчевска ќе има свое излагање на панел дискусијата, која ќе ја отвори претседателот на Швајцарската конфедерација, Алаин Берсет.

Во фокусот на Конференцијата ќе биде основањето на Алијансата „Баукултур 2023″, која преку иницирање континуирана размена и вмрежување ќе даде поддршка и помош во истражувањето на можностите за подобра соработка меѓу власта, граѓанското општество и индустријата за градежништво и недвижен имот. Формирањето на Алијансата треба да овозможи решавање на итни прашања поврзани со подобрување на квалитетот на животната средина – информираат од Министерството за култура.

Министерката Костадиновска-Стојчевска на маргините на Конференцијата ќе оствари билатерална средба со генералната секретарка за современа култура при Министерството за спорт на Република Грција, Елени Доундолуаки, на која ќе разговараат за отворање нови можности за зајакнување и унапредување на соработката во рамки на веќе потпишаните договори и програми помеѓу двете земји.

Освен министрите за култура, на Конференцијата ќе учествуваат и меѓувладини, стручни и граѓански организации, како и експерти од областа на финансиите, недвижностите и градежната индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот