Милтиадис: Мора да се отвориме на европско ниво за да ја спасиме туристичката сезона

Варвициотис објаснува дека во моментов во Грција „не постои план за забрана за влез на луѓе кои доаѓаат од конкретни земји”.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис во интервјуто за телевизијата „Мега”, говорејќи за иднината на грчкиот туризам истакнува дека земјите членки за престојната туристичка сезона треба да се отворат на европско ниво, со цел да се спречат огромни загуби.

– Она за кое што дискутираме е прво, за пакет за поддршка на туристичкиот сектор, друга, втора работа за која што дискутираме е како би можеле повторно да имаме доверба во авионите. Како граѓаните ќе влегуваат во авиони и како одново ќе почне авиотранспортот што е замрзнат на целиот европски континент. Да бидеме реални, особено за Грција, нема туристи ако не функционираат летовите. Немаме толку голем спектар на туристи кои би можеле да дојдат по копнен пат. Тоа е само за северна Грција, објасни Варвициотис.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија рече дека прашањето што се поставува е „како луѓето ќе се качат безбедно во авион и нема да бидат опасност за ширење на вирусот”.

– На пример, ако некој се наоѓа во хотел на некој грчки остров и се покаже дека е позитивен на коронавирусот, сфаќате дека сите оние што се во хотелот ќе треба да бидат во карантин, хотелот ќе треба да се претвори во здравствена единица, истакна Варвициотис, објаснувајќи зошто е важно да постои заеднички европски протокол.

Одговарајќи на прашањето дали Грција размислува да воведе забрана за влез на туристи од одредени земји кои што се соочуваат со голем број случаи на новиот коронавирус, како што се Шпанија, Италија, Турција, Варвициотис објасни дека „не постои план за забрана за влез за луѓе кои доаѓаат од конкретни земји”.

– Вирусот не разликува националности. Според тоа, немаме кажано дека од Италија не носиме луѓе или не сакаме комуникација со Италија. Ако не се отвориме на европско ниво, сигурно ќе ја загубиме туристичката година и тоа има огромна цена и за економијата и за работните места, посочи алтернативниот шеф на грчката дипломатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот