Милошоски: Владата да најде решение децата со посебни потреби да се вратат на настава

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, и порача на власта да изнајде начин и во процесот на основното и средното образование да ги вклучи и децата со посебни потреби.

Според Милошоски со предлог – законите за основно и средно не се опфатени над 1.000 ученции, 800 во основно и 300 во средно оразование.

– Сметам дека е незамисливо Министерството за образование и Владата да не знаеле дека со новите измени во законите за основно и средно образование нема да бидат опфатени над 1.000 ученици со посебни потреби и со тоа ќе бидат дискриминирани. Институциите знаеле за ваквата состојби бидејќи биле известени и преку училиштата и општините но, и од народниот правобранител. Ова треба да биде аларм, бидејќи измените се несоодветни, рече Милошоски.

Според Милошоски мал е и бројот на асистенти кои им се на располагање на одредени ученици со посебни потреби. Тој рече дека во скопската населба Аеродром во соработка со УНДП имало само пет асистенти за ученици со посебни потреби кои примале по 9.000 денари, а реалната потреба била 30 асистенти. Во Кисела Вода имало 15 асистенти, а потребата била за 40.

-Доколку Владата намалеше на вработувања во МЕПСО, ЕЛЕМ, познати како високо платени агенции, ќе имаше повеќе средства за да подели на асистентите кои треба да им помагаат на ученици со посебни потреби, кои ги има и во Тетово, Штип, Куманово и во други места. Одлуката децата со посебни потреби да не бидат вклучени во образовниот процес е во спротивност со законското право за задложително основно и средно образование, рече Милошоски.

И Владата и Министерството за образование уште во август имале извештаи од неколку училишта за деца со посебни потреби во кои било наведено дека онлајн наставата не е соодветна за нив.

ОУ „Иднина“ од Скопје во кое учат деца со интелектуална попреченост, доставило извештај во кој укажале дека кај значеаен дел од учениците најдобри резултати ќе даде директната настава, ученик-наставник.

И училиштето за деца со посебни потреби „Маца Ѓорѓиева Овчарова“ од Велес, укажало дека наставата не била соодветна. Наставниот кадар и родителите укажале дека само директната работа со ученците со посебни потреби, давала резултати. Голем дел од родителите на децата не можеле да им помогнат, бидејќи и самите не биле доволно едуцирани за он лајн настава.

И училиштето „Свети Климент Охридски“ во својот извештај доставен до Министерството за образование укажало дека учениците поради индивидуалните потешкотии, (отсуство на говор, оштетен вид, интелектулана попреченост) не можат да ја следат оналјн наставата. Тие уште укажале дека без активно учество и ангажман од страна на стручни лица, онлајн наставата тешко ќе се спроведува бидејќи овие деца поради својата инелектуална порпеченост, покажувале раздразливост, гнев, инает и сл. потешкотии при пренесувањето на знаењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот