Милијардерот ја советува: Поранешната на Илон Маск сака да стави вампирски заби и самовилски уши

илон маск, грајмс
Илон Маск и Грајмс/ Фото: Профимедиа

Пејачката Грајмс изразила желба за постапката наречена „самовилски уши“ – која беше вистински хит во Кина минатата година.

Светски познатата музичарка Грајмс, поранешната партнерка на милијардерот Илон Маск, пред неколку години посетила пластичен хирург затоа што мислела дека треба да промени нешто на себе како се приближува кон средината на четвртата деценија од својот живот.

Пејачката има чудни желби

Меѓутоа, Грајмс очигледно не се откажува од својата желба, па деновиве ги замоли своите следбеници на социјалната мрежа Твитер да ѝ кажат која промена на лицето најмногу ќе ѝ одговара.

Пејачката изразила желба за вампирски заби и самовилски уши, притоа прашувајќи дали некој ја направил постапката наречена „самовилски уши“ – која беше вистински хит во Кина минатата година.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Се плашам дека ушната ’рскавица тешко ќе зарасне. Оваа операција е особено ризична за музичарите, но јас ја посакував цел живот. Ме интересираат искуствата на луѓето!“, напишала Грајмс на својот профил на Твитер.

Илон Маск веднаш ѝ одговорил дека е најдобро да не оди на операција, односно дека „негативните страни ги надминуваат предностите“, пренесува магазинот „Пипл“.

Контроверзна двојка

Односот што го имаат Илон Маск и Грајмс е доста специфичен. Тие се родители на синот X Æ A-Xii и на ќерката Екса Дарк Сидараел.
Фановите на Илон и Грајмс долго време се обидуваа да го одгатнат значењето на името на нивниот син, но сите недоумици ги реши пејачката со објава на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Х е непозната варијабпла, а Æ виленски знак за Ai (вештачка интелигенција). А-12 е ознака на нашиот омилен авион СР-17, без оружје, без одбрана, само брзина, одличен во битките, но ненасилен. И за крај А како Архангел, мојата омилена песна“, објаснила Грајмс.

Потоа се огласи и Илон Маск, кој го коригираше нејзиното објаснување. Тој забележал печатна грешка во нејзиниот статус и ја предупреди на тоа.

„СР-71“, напиша Маск поправајќи го нејзиното објаснување за нивниот омилен авион, бидејќи ги заменила бројките на ознаката.
Грајмс го роди нивното првото заедничко дете, а ќерката парот ја доби со сурогат-мајка, откако пејачката и Маск ја прекинаа тригодишната врска. М. Р.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот