Милановиќ: Ако оваа моја тесна, но фер победа донесе малку верба во ова општество, јас сум среќен човек

Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Зоран Милановиќ стана новиот претседател на Република Хрватска.

Зоран Милановиќ, кој како што е веќе познато, е нов претседател на Хрватска. Тој вечерва се обрати пред хрватскиот народ со неговиот победнички говор.

„Благодарам на тие што ме поддржаа и на тие кои не го направија тоа. Благодарам и на Колинда Грабар-Китаровиќ“, рекол Милановиќ, што наишло на негодување кај насобраната група, на што Милановиќ одговорил: „Не, не, барам тоа да не се прави“.

„Ако некого премногу го нагазив, ако кажав некоја невистина, тоа не било намерно. Јас од денес или од утре ќе работам работа и ќе живеам различно од сега. Хрватските граѓани ме избраа за претседател на Хрватска и сум среќен за тоа. Бев и премиер и тоа во последната половина година ми беше и товар. Од мене нема да слушате слатки прикани за заедништво, но ќе се потрудам никого без потреба или намерно да не го повредам“, рекол Милановиќ.

„На овие избори гласаа два милиони луѓе и уште еднаш, благодарам на сите. Мерете ме од првиот ден, од големи ветувања ниту сум, ниту некогаш сум бил. Ако оваа моја тесна, но фер победа донесе малку верба во ова општество, јас сум среќен човек. Живели!“, заклучно изјави Милановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот