Мила Москов доби Сертификат за најдобар евровизиски пакет! Гласајте за победа!

За време на пробите на 17-то издание на Јуниорскиот Евросонг, Мила ги крена на нозе сите присутни во Арената Гливице во Полска! Со извонредниот настап на „Fire“, на музика и текст на тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, 14-годишната Мила Москов од Прилеп, буквално ја „разгоре“ атмосферата помеѓу сите присутни во Полска.

Миленик на публиката, но и на медиумите, заслужено го доби највисокото признание од страна на интернационалниот медиа портал Destination Eurovision – Сертфикат за најдобар евровизиски пакет според мислењето на читателите, коешто и беше врачено пред сите присутни учесници и медиуми низ директен ТВ пренос на националната полска телевизија.

Фановите и поддржувачите на Македонскиот претставник ширум светот, па и од нашата земја, се уште можат да гласаат на https://vote.junioreurovision.tv и да го дадат својот глас за Мила, со што ќе го дефинираат победникот на годинешниот јуниорски Евросонг во сооднос 50% од онлајн гласањето, додека пак останатите 50% ќе бидат обезбедени од работата на стручните жири комисии од секоја земја учесничка.

Без оглед на финалниот пласман во недела, Мила и целиот тим се исклучително задоволни од комплетниот производ во кој вложија многу труд и љубов во изминатите неколку месеци. Горди на сработеното, го очекуваат Големото финале на јуниорскиот Евросонг кое стартува денеска во 16 часот на програмите на Македонската радио телевизија.

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот