Михајловиќ: Поради леукемијата станав подобар човек

фото:твитер

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, за прв пат во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“ зборуваше за леукемијата и како се бореше за живот додека во Италија беснееше пандемијата на коронавирусот.

Легендата на српскиот и италијанскиот фудбал ја одушеви светската јавност со својата борба против леукемијата кога и за време на третманите тој од клупата ја предводеше Болоња на натпреварите од Серија А иако имаше наредба од лекарите да мирува.

Михајловиќ за прв пат од минатото лето кога дозна дека боледува од леукемија, во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“ зборува за борбата со тешката болест и за последните два месеци кога Италија беше погодена од коронавирусот .

– Ги доживеав најубавите два месеци во животот. На некого коронавирусот тешко му падна, но од моја перспектива каде претходно дури четири месеци поминав во соба три на три и во која не смеев да отворам ниту прозорец и каде никој не смееше да ме посетува, овие два месеци бев во својот дом со семејството. За мене тоа беше одмор – зборува Михајловиќ кој се потсетува и на борбата со леукемијата непосредно пред пандемијата на коронавирусот.

– Тренирам секојдневно, трчам по 10-11 километри, работам со тегови и мислев дека не може да се разболам. Од леукемијата човек брзо за заморува, полесно крвави, а јас ги немав тие симптоми. Едноставно додека бевме на Сардинија наеднаш не можев да станам од креветот. По два дена ми направија снимање со магнетна резонанца во Болоња, а докторот ми рече дека имам голема толеранција на болка, и дека личност со ваков наод не може да стои, а вие сте дошле сами. На тоа му одговорив дека претходниот ден истрчав 10 километри. По неколку дена повторно ми се јави докторот и ми рече да дојдам кај него, тогаш почна да ми зборува нешто што не можев да го сфатам. Веднаш му реков: Докторе кажете ми што ми е? Неговиот одговор беше краток: Имаш леукемија.

Поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Сампдорија, Лацио и Интер, веднаш започна борба со тешката болест.

– Кога дознав од што боледувам, едвај чекав да започне третманот на лечење и немав сомнежи дека ќе ја победам болеста. Имав среќа бидејќи бев во Болоња и тоа во болницата каде се најдобрите доктори накои им реков: само кажете ми што треба да правам. Никогаш не треба да ја загубите волјата за борбата и за животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот