Мигрантите формирале ланец за да ја срушат оградата на границата, грчката полиција ги задржала

Фото: BULENT KILIC / AFP / Profimedia

Нов обид да се пробие тампон-зоната за влез во Грција.

Десетина мигранти зграбиле јаже и се наместиле еден зад друг за да се обидат да ја срушат оградата на границата со Грција за време на вчерашните судири, пренесува британски „Метро“.

Тие се обиделе да поминат низ тампон-зоната на границата меѓу Грција и Турција, но полицијата ги спречила и ги вратила назад.

Фотографиите се направени близу до граничниот премин Паразкуле во Едрене, каде од минатата недела пристигнаа илјадници луѓе кои се обидуваат да влезат во ЕУ.

Повеќе од 10.000 мигранти, поголемиот дел до Сирија, но и од други земји на Блискиот исток и Авганистан пристигнаа до грчката граница, надевајќи се дека ќе стигнат до западна Европа, откако Турција им ја „отвори вратата“ на бегалците.

Грчките власти искористија солзавец за да ги задржат мигрантите, но негираат дека користеле муниција.

Фото: BULENT KILIC / AFP / Profimedia

До судирот на границата дошло откако турските официјални лица информираа дека грчката полиција убила миграт и повредила уште петмина во средата кога се обиделе да ја поминат границата меѓу двете земји, информација која Грција ја нарече „лажна вест“ и веднаш ја негираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот