Мигрант убиен во кумановско, го нашле избоден со нож

куманово болница
Болница во Куманово / Фото: Архива на Слободен печат

Во кумановската болница утрово починал мигрант, кој бил ранет со убод од остар предмет, соопшти МВР.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, убиениот, чијашто возраст и националност не се откриваат, утрово бил пронајден во близина на кумановското село Речица, ранет.

Тој бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде им подлегнал на повредите пред осум часот утрово. Според полицијата, мигрантот загинал во тепачка со други мигранти, во која бил употребен остриот предмет.

„Полицајци од СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот