Мицотакис за планот „Слобода“: Вакцинираме околу 5.000 граѓани дневно

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Вакцинираме околу 5.000 сограѓани дневно и сигурен сум дека со ова темпо ќе се придржуваме до планот одреден од Комисијата за вакцинација и од Организацискиот комитет на операцијата „Слобода”, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на синоќешниот редовен состанок за планот за вакцинација во земјата и изрази задоволство што вакцинацијата тече нормално, врз основа на планот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека вакцинацијата на населението ќе започне на 20 јануари со ранливите категории на граѓани, односно со повозрасните од 85 години, додека пак следниот понеделник ќе се отвори и платформата за закажување термин.

Тој додаде дека земјата, сепак, ја очекуваат тешки месеци, бидејќи „знаеме дека не може преку ноќ да се изгради ѕид на имунитет”.

– Ќе биде потребно време за да се вакцинира значителен процент од нашата популација. А, исто така, знаеме дека сè додека тоа не се случи, ќе мора многу внимателно да ги следиме мерките, како што ни укажуваат експертите, порача грчкиот премиер.

Паралелно на специјален сајт што секојдневно се ажурира, граѓаните можат да го следат процесот на вакцинација и колку лица веќе се вакцинирале. Според податоците, заклучно со вчера во 17:40 часот, првата доза од вакцината ја примиле 16.233 лица.

Вакцинацијата во Грција започна пред десет дена, на 27 декември, а до понеделник се вакцинираат здравствените работници и персоналот и згрижените во домовите за стари лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот