Мицкоски: Тешко на Македонија ако решението се „тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски

Бучковски предлагаше заедничко чествување на Илинден со источниот сосед, a Заев во скорeшното интервју ги направи ослободители, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет Тенковски делови, Заев го враќа на нова врата која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите. Луѓето со “лепливи прсти”, едниот познат по Бачило, продажба на ЕВН, Маџар Телеком, пасоши, другиот познат по Глобал, поткуп- евро за Вицето, Рекет 1 и 2, плантажи со марихуана се тандемот кој треба да го решава проблемот со Бугарија. Овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа за жал по евтино продавање- стои во објавата на Мицкоски.

-Тешко на Македонија ако решението се “тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи. Затоа кога овие двајца се прашањето, одговорот е народот- вели Мицкоски.

Владата денеска попладне го именуваше Владо Бучковски за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија

Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот