Мицкоски: Ова беа три години на неправда, брутален криминал и врзани очи на министрите и на владата

За Мицкоски денешниот ден има „добра и лоша вест“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во партиското седиште одржа прес конференција, по денешните случувања и распуштањето на Собранието.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „сè, само не правда, туку комплетна анархија која го загрозила имиџот на државата“, а носењето на законот било спротивно на процедурите, имало сомневања за контрадикторост со Уставот, а немало ниту бадентерово мнозинство.

Иако веќе ги потпиша указите, Мицкоски го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува законот, бидејќи доколку го потпише ќе биде соучесник во криминал.

Мицкоски рече и дека Законот за ЈО ќе биде оспорен пред надлежните институции.

-Веднаш после 12-ти април ќе следи и одговорност, тоа ви го ветувам“, вели Мицкоски.

За Мицкоски денешниот ден има „добра и лоша вест“.

-Лошата е дека беше донесен незаконски, противправен и криминален закон. Добрата вест е дека денеска завршува Зоран Заев и криминалната тригодишна епизода. Ова беа три години на неправда, брутален криминал и врзани очи на министрите и на владата, затоа што тоа се првите кои прават криминал. Ова е време на рекет, муилионски провизии, бизнисмени кои сведочат за рекет, кеш и уцени. Криминалците направија сојуз со власта. Ова е време кога на површина излегуваат сите лаги. Нема правда, нема ниту мир- рече Мицкоски.

На оваа прес-конференција реагираше, Костадин Костадинов пратеник на СДСМ, кој на својот Фејсбук напиша дека ВМРО имаат генерална проба за плач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот