Мицкоски: Ќе понудиме план за вадење на државата од криза, се надевам дека со локалните избори може да има и парламентарни

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Клан истакна дека во новата година која повторно е изборна за државата, опозицијата ќе понуди план и решенија за излез од кризата. Тој смета оти постојат шанси, покрај локалните, да има и парламентарни избори, па затоа решенијата ќе бидат и на локален, но и државен план.

Тој вели дека оваа влада нема стратегија како да ја развива државата, секоја идеја на опозицијата се одбива, а за да може опозицијата да биде конструктивна треба и владата да биде таква.

– Не гледам креативност, не гледам стратегија, не гледам визија како понатаму. Се занимаваат со ситно политиканство, „купи ден – продај“ политики, но без некаква визија, како оваа држава треба да се справи со оваа криза што ја живееме, а потоа како да продолжи да се развива понатаму. За да опозицијата да биде конструктивна, треба да имате и конструктивна власт. Доколку власта не е конструктивна, вие не може како опозиција да сте конструктивни и да нудите решенија кои премногу надмено се отфрлаат и воопшто не се земаат во предвид за разгледување, потенцира Мицкоски.

Како пример за неконструктивноста на СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја даде техничката влада каде секоја одлука на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев беше одбивана од владата.

– Сето она што дојде како предлог и идеја од опозицијата, беше одбиено од владата, за некои од предлозите по ден или два месеца да бидат прифатени и бидат претставени како предлози на владата. И таа бледа копија е добра отколку никаква. Улогата на опозицијата е да критикува, а опозицијата ќе понуди програма и решенија пред избори. Сега имаме локални избори, јас се надевам дека тогаш може да се случи пресврт и да имаме и парламентарни избори и врз основа на нашите анализи, ние ќе понудиме програма и како локално да ја развиеме Македонија и како да ја развиваме државата, нагласи Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот