Мицкоски: Историската вистина според источниот сосед била дека имаме бугарски корени, а Заев ништо не прави

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Поминаа десетина часа од последната изјава на Захариева. Никаков одговор од официјалните власти од Македонија, напиша лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски по изјавата на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за Ројтерс, каде вели дека Бугарија бара признавање на историската вистина.

 -Дел од медиумите дури пренесоа дека за да одиме напред треба да ја признаеме “историската вистина”. А историската вистина според источниот сосед била дека имаме бугарски корени.
Не е тоа вистина, туку политика. Проблемот е Заев кој не прави ништо да ја застапи нашата вистина, а таа непоколебливо говори дека Делчев е Македонец, македонскиот индентитет е наша посебност врз која имаме исконско право и европска иднина која ни ја должат- вели Мицкоски на Фејсбук.

-Дали би прифатиле нешто поинаку? Сега кажувам и нека остане за во иднина запишано… НИКОГАШ!- вели Мицкоски.

Захариева: Бугарија не го оспорува правото на самоопределување на РС Македонија, но бара признавање на историската вистина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот