Мицотакис ги повика Грците задолжително да се вакцинираат

Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Мицотакис рече дека пандемијата е битка во која „оваа генерација мора да победи” и истакна дека е морална обврска на секој граѓанин да се вакцинира

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, денеска повторно застана во одбрана на задолжителната вакцинација за одредени групи од населението, повикувајќи се на членот 25 од грчкиот Устав.

За време на дискусијата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу пред претставниците на медиумите за динамиката на вакцинирање во Грција, Мицотакис и претседателката се согласија дека е потребно мнозинството грчки граѓани да бидат вакцинирани.

Премиерот истакна дека распространетата делта варијанта на коронавирусот е позаразна од оригиналниот вид, поради што „сега е поважно од кога било порано сите Грци што тоа можат да го сорат и да се вакцинираат”.

-Државата има право да бара од сите граѓани да дадат свој придонес и на тој начин да демонстрираат социјална и национална солидарност, истакна Мицотакис, повикувајќи се на членот 25, став 4 од грчкиот Устав.

Тој рече дека пандемијата е битка во која „оваа генерација мора да победи” и истакна дека е морална обврска на секој граѓанин да се вакцинира и со тоа да изрази индивидуална одговорност во заедничката борба против вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот