Мицотакис ги пофали стратешките односи меѓу Грција и САД

Мицотакис-Бајден/ Фото Chris Kleponis / Zuma Press / Profimedia

Писмото од американскиот државен секретар на САД, со кое Грција официјално се приклучува кон програмата за Ф-35 и во исто време добива многу важна бесплатна одбранбена помош од САД е најдобриот печат на стратешката длабочина на грчко-американските односи и во пракса потврдува дека кредибилната, но и динамичната надворешна политика може да има многу суштинско влијание врз заштитата на земјата, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со претседателката Катерина Сакалеропулу.

Мицотакис ја информираше Сакеларопулу за одобреното барање од САД, Грција да набави 40 воени авиони Ф-35, но и да добие бесплатен пакетот воена опрема, за што грчката претседателка истакна дека „на овој начин се зајакнува улогата на земјата како фактор на стабилност во регионот“.

Премиерот и претседателката на Грција разговараа и за владините реформи, за предлог-законите, како што се отворањето на приватни факултети, за мерките за поддршка на граѓаните, а Мицотакис се осврна и на протестите на земјоделците.

Рече дека Владата е секогаш отворена за сите општествени барања, посочи дека земјоделците во голема мера оправдано протестираат за прашања поврзани со зголемувањето на трошоците за производство.

– Проблемот не е само грчки, гледате дека се манифестира низ цела Европа. Но, сакам да потсетам дека ние бевме партијата што ги поддржувавме земјоделските приходи преку низа политики и нашите врати се секогаш отворени, во рамките на нашите фискални можности, истакна Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот