Мицкоски се сретна со Сарацин, разговарале за актуелните политички и економски состојби во земјава

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Александар Николоски денеска се сретнаа со специјалниот пратеник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Како што соопштија од партијата, во фокус на средбата биле актуелните политичко-економски состојби во земјава и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека со последните измени на Кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата. Еден од најважните приоритети на идната Влада ќе биде борбата против корупција, се наведува во соопштението.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски говорел и за проблеми на граѓаните, наведувајќи дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели.

На средбата се разговарало и за уставните измени, при што Мицкоски го потврдил ставот дека „оваа Влада нема легитимитет за таков чекор и дека прифаќање на бугарски диктат нема да се случи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот