Мицкоски: Дадов и предлог да направиме чекор назад за да застанеме во одбрана на македонскиот идентитет

Изјава на Христијан Мицкоски/Фото: Скриншот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски го сумираше нивниот разговор и нагласи дека ќе побара бришење на четири членови од францускиот предлог за да се спречи бугаризација на Македонија.

-Му предложив да се избришат членот 11 и членот 14 од Протоколот, а потоа во преговарачката рамка каде имаме принципи врз кои се водат преговорите да ги избришат членовите каде се годишните прегледи и делот каде се повикуваат на протоколот на првата меѓувладина конфенреција. Нека ги избришат ако ова обезбедува европска иднина, Нека ги тргнат овие четири точки. Нека останат Копенхагеншките критериуми како за сите земји, рече Мицкоски и додаде дека на Ковачевски му нагласил дека овие два документи не се прифатливи за него и за ВМРО-ДПМНЕ, и му понудил да излезе и да го отфрли предлогот, а тој би го повлекол барањето за предвремени избори.

Во врска со тврдењето на владата дека останал чист македонскиот јазик и дека фуснотата од бугарска страна не го загрозува јазикот и идентитетот, Мицкоски рече:

-Ова не е тоа, треба на сите граѓани да им е јасно. Споредбата со црногорскиот јазик не е исто. Македонскиот јазик е кодифициран во ЕУ. Јазикот никогаш не бил проблем. Македонски јазик со кирилично писмо стои во ЕУ, во личната карта на Обединетите нации, дециден е Мицкоски.

Тој нагласи дека останува на предлозите кои му ги дал денеска на Ковачевски:

-Дадов предлог и да направиме чекор назад да застанеме во одбрана на македонскиот идентитет. Ги повикувам сите и Македонците, и Албанците, Турците, Србите, Ромите. Нема потреба да предизвикуваме тензии. Тоа го прават само корупираните политичари, рече Мицкоски.

ВО ЖИВО: Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот