Метежот кај Момин Поток ќе се решава со два кружни тека изградбата почнува во јуни

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го претстави новиот проект со кој очекува да се намали сообраќајниот метеж кај клучката Момин Поток.

-Ќе се изградат два кружни тека, мостови, пешачки и велосипедски патеки. По својата комплексност се работи за убедливо најсложениот сообраќаен проект што Градот Скопје го има изработено од 1965 година. Ова е една од клучните градски сообраќајници каде дневно поминуваат 25 илјади возила и метежот е голем, изјави Шилегов на презентацијата на новиот проект.

Инвестицијата се проценува на околу 18 милиони евра, а градежните активности се очекува да почнат во текот на јуни. Изведбата треба да трае од две до две и пол години.

Првиот кружен тек ќе биде поставен меѓу булеварот „8 Септември” и улицата „Скупи”, а вториот на крстосницата со булеварот „Никола Карев”, на патот кон Визбегово. Градежните активности ќе се работат до крстосницата со булеварот „Словенија”. Вкупната должина на сообраќајницата меѓу двата кружни тека изнесува 1.600 метри. Предвидени се и двапати по два моста на реката Серава.

Проектот, како што посочи тој, е во согласност со неговата визија за главниот град со инфраструктура поволна за сите граѓани.

– Градот доцнеше неколку децении со ваквите проекти. Се обидуваме во само еден мандат да ги започнеме фундаменталните работи во градот од точка од која нема враќање. Безбедниот сообраќај и урбаната мобилност остануваат во редот на моите прироитети и на оваа градска администрација, а тоа граѓаните имаа можност да го видат во изминативе три и пол години, рече Шилегов.

Доколку се обезбедат финансиски средства, Градот е подготвен да започне со имплементација на плановите за булеварско решение во Визбегово, дополни градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот