Метео: Студено време со малку сонце, малку ветар и температури до 4 степени

unsplash
Фото: Архива на СП

Времето денеска ќе биде сончево и студено. Претпладне во западните делови ќе има мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4 степени.

Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

УХМР најавува дека утре ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Од среда ветерот ќе го промени правецот во јужен и температурите ќе бидат во пораст. Облачноста ќе се зголемува, а од четврток кон крајот на денот во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот