Меси со 50 гол во кариерата од слободен удар! (ВИДЕО)

twitter.com/LioMessiStuff

Во рамките од 11. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство Барселона со резултат 5:1 го совлада Ваљадолид, најмногу благодарение на својата прва ѕвезда Меси кој потсети на старите добри времиња.

Аргентинецот постигна два гола и асистираше за уште два, со фантастични додавања за Артуро Видал и Луис Суарез, кои стрелаа во 29. и 79. минута од средбата.

Меси инаку постигна еден спектакуларен гол од слободен удар во 34. минута – што е негов 50. во кариерата.

Вкупно 44 голови од слободен удар реализираше во дресот на Барселона, а уште шест за најдобрата аргентинска репрезентација.

Да додадеме уште дека каталонскиот гигант после 10 одиграни меча е моментно на првото место со 22 бодови, два повеќе од второпласираната Гранада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот