Меси и задава главоболки на управата на Барселона, инсистира на интересна клаузула

twitter/FC Barcelona

Започнаа преговорите за новиот договор на Лионел Меси.

Капитенот на Барселона е застапуван од страна на неговиот татко Хорхе, додека на спротивната страна е претседателот на Барселона, Хосеп Мариа Бертомеу и според „Марка“ нема никакви несогласувања или спорни моменти во преговорите.

И двете страни се согласни како треба да изгледа новиот договор, колкава ќе биде платата на Меси во наредните три години, но само една ставка му задава проблеми на Бертомеу.

Имено, Меси инсистира во новиот договор да остане клаузулата која му овозможува на Аргентинецот по крајот на секоја сезона да каже дека сака да си оди и Барселона и тоа без обесштетување.

Но, таа клаузула не се однесува на најдобрите европски екипи, доколку некоја од нив го бара Меси ќе мора да плати најмалку 400 милиони евра, туку таа се однесува за „егзотични“ дестинаци на кои заминаа некои негови поранешни соиграчи како што се Катар (Чави), Јапонија (Иниеста) или Аргентина (Маскерано).

Според новиот договор, платата на Меси ќе остане иста, нето годишна плата од 29 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот