Меси и во 2025 година ќе ја освои „Златната топка“

фото:твитер

Норвежанецот во интервјуто за „ЕСПН“ немаше храброст да даде одговор на прашањето, кој е подобар: Меси или Кристијано Роналдо..

На 24 јуни најдобриот фудбалер на светот според ФИФА ќе на полни 33 години, но овој играч и натаму има фантастични партии во дресот на Барселона.

Според Ерлинг Халанд, новата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Лионел Меси би уште можел уште долго да доминира во светскиот фудбал.

Во интервјутоза „ЕСПН“, норвешкиот репрезентативец доби прашање, кој е подобар, Роналдо или Меси, тој одговори:

Уф, не можам да ви одговорам на тоа прашање – се зборовите на Халанд.

А веднаш како „топ“ одговори на прашањето, кој ќе ја освои „Златната топка“ во 2025 година:

Меси! – краток и јасен одговорот на Халанд кој ја покажува својата голема почит спрема Аргентинецот кој за пет години ќе наполни 38, па останува прашањето дали навистина и тогаш ќе доминира Меси како што тоа го прави веќе 16-17 години во дресот на каталонскиот клуб.

Аргентинскиот интернационалец веќе има шест „Златни топки“ освоени во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година, додека неговиот ривал Кристијано Роналдо има една помалку.

„ЕСПН“ можеби и не очекуваше таков одговор од Халанд, повеќе најверојатно „типувајќи“ кон Норвежанецот кој веќе на 19 години веќе го привлекува вниманието со своите феноменални игри и голови (8 мечеви, девет погодоци за Дортмунд) и експертите му предвидуваат голема фудбалска иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот