Меси е како Хари Потер, ќе го фрлам телевизорот кога ќе се пензионира

Поранешниот италијански репрезентативец, Кристијан Виери е импресиониран од играта на Лионел Меси против Јувентус и вели дека ништо во фудбалот нема да биде вредно за гледање кога Аргентинецот ќе се пензионира.

Меси во победата на Барселона над Јувентус од 2:0 одигра добар натревар и успеа да постигне гол од пенал.

Меси е волшебник, тој е фудбалскиот Хари Потер. Кога ќе се пензионира, ќе го фрлам телевизорот и нема да работам на телевизија. Ќе гледам Нетфликс. Кога Меси ќе престане да игра фудбал нема да има ништо што да се гледа на – изјави Кристијан Виери.

Меси против Јувентус го собори рекорд во Лигата на шампионите, постигна 70 гола само во групната фаза од елитното натпреварување.
– Барселона игра поинаков фудбал од Јувентус, тоа е друга лига. Не знам како загубија од Реал Мадрид, но кога ги гледате да играат како со Јувентус, мислите дека не може да загубат ниту еден натпревар – додава Виери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот