Мерко: Луѓето сфатија дека овој вирус не се тепа со оружје, литијата во Струга го стави под знак прашање целиот труд на државата

Мислам дека граѓаните е веќе свесни за опасноста од Ковид-19. Во изминативе два месеци луѓето сфатија дека овој вирус не се тепа со оружје. Треба да ги следиме мерките и препораките кои што владата и владите во светот ги применуваат, зјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, градоначалникот на Струга, Рамис Мерко.

Дозвола за верската литија во Струга имало од полицијата, но под одредени услови.

-Но литургијата што се оддржи во Струга некако го стави под знак прашање цел труд на државата и локалните штабови, бидејќи навистина беше собрана толпа. Оваа литургија се одддржува секоја година и до сега немало никаков проблем, но оваа година бидејќи се справуваме со еден непредвидлив противник, мора да се знае дека оружјето е држење на дистанца и негрупирање на луѓето. Дај Боже да нема инфицинари. Јас како градоначалник не бев запознаен. Имало одобрено од полиција, но одобрението било под одредени услови, додава Мерко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот