Меркел пресече: Им ги укинува бесплатните ковид тестови на Германците за да се вакцинираат

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во Германија од 11. октомври тестирањето на граѓаните на коронавирус нема повеќе да биде бесплатно, за да се охрабрат луѓето да се вакцинираат, најави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа по разговорите за пандемијата со челниците на 16 германски покраини рече дека од граѓаните кои сакаат да посетуваат јавни места ќе бара да бидат вакцинирани, да имаат негативен ковид-тест или потврда дека прележале ковид-19, објави АП.

Меркел истакна дека Германија има доволно количество вакцини за целокупното население, од кое повеќе од половината веќе е вакцинирано целосно.

Канцеларката порача дека Германија мора да ја забрза кампањата за вакцинација против ковид-19 за да избегне преоптовареноста на својот здравствен систем.

-Лоша вест е дека темпото на вакцинација значително забави. Се надевам дека повторно ќе го забрзаме после одморите, изјави Меркел на конференцијата за новинари по разговорите со локалните раководства, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот