Меркел: Пандемијата го менува глобалниот однос на силите во корист на Азија

epa08842331 German Chancellor Angela Merkel puts on his face mask after a press conference after a virtual meeting with German State Premiers about the current coronavirus situation, at the Chancellery in Berlin, Germany, 25 November 2020. EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Пандемијата на коронавирусот дополнително ќе го промени глобалниот однос на силите во корист на азиските земји, оцени денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

-Пандемијата економски ќе не уназади, предупреди Меркел на видео-седницата на германската Влада, нагласувајќи дека има извесно економско закрепнување во азиските земји, како Кина и Јужна Кореја, во кои граѓаните дисциплинирано носеа маски и помалку демонстрирале против владините мерки.

Германија нема намера да ги контролира своите граѓани на начин како што тоа го прави Кина, порача Меркел, но, додаде, мора да се направат дополнителни напори за да се следи чекор со технолошкиот развој, пренесоа британските медиуми.

Германската полиција минатиот месец употреби водени топови и употреби солзавец за да растера илјадници демонстранти, кои протестираат против воведувањето рестриктивни мерки во Берлин.

На денешната видео седница на германската Влада, министерот за здравство Јенс Шпан соопшти дека вакцинацијата против коронавирусот во Германија ќе почне во јануари следната година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот