Меланија го засени кралското семејство

Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија денеска ја почнаа тридневната официјална посета на Британија.

Американскиот претседател и првата дама се дружеа со кралицата Елизабета II , со принцот Чарлс и со војвотката Камила Боулс. Целото кралско семејство вчера во чест на гостите присуствуваше на свечената вечера.

На вечерата американскиот претседател беше облечен во смокинг, додека особено се истакна неговата сопруга Меланија.

Таа блескаше во белиот фустан со ракавици и беспрекорен изглед. Нејзините фотографии од свечената вечера го обиколија светот со позитивни критики за изгледот.

На вечерата не беше присутна единствено војвотката Меган Маркл , која се извини поради тоа што има новороденче. Војвотката Кејт Мидлтон и принцовите Вилијам и Хари исто така ги удостоија гостите.

Американсктие медиуми пишуваат дека Меланија Трамп ја засенила дури и секогаш беспрекорно дотераната војвотка Кејт Мидлтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот