Мекгрегор за роденеден си се почести со часовник вреден половина милион долари (ФОТО)

Пензионираниот УФЦ борец, Конор Мекгрегор го прослави 32. роденден.

Најпопуларниот борец на денешницата Конор Мекгрегор, повторно направи потег со кој го привлече вниманието на спортската јавност и фановите.
Имено, Ирецот одлучи да има „рулет“ на раката и за својот 32. роденден си се почести со часовник вреден 550.000 долари. Мекгрегор си купи часовник од луксузната марка „Jacob&Co“ чија цена на часовници се движи од 500.000 долари па се до 1.5 милиони долари.

 

Конор моментно ужива на француската ривиера заедно со долгогодишната девојка Ди Девлин, додека двете деца останаа во Ирска.

Интересно е што иако е во пензија, Мекгрегор на социјалните мрежи редовно објавува снимки и фотографии од неговите тренинзи во случај УФЦ да одлучи да му понуди спектакуларна борба која во исто време ќе ги задоволи и неговите финансиски апетити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот