Мекдоналдс повторно ги отвара рестораните во Украина

Фото: EPA/CHRISTOPHER JUE

Американската компанија за брза храна Мекдоналдс повторно ќе ги отвори своите ресторани во Украина, во знак на поддршка на земјата и како гест на желба за своевидно враќање на нормалноста во со војната разурнатата држава.

Мекдоналдс пред околу шест месеци ги затвори сите ресторани во Украина, веднаш по почетокот на руската инвазија, но продолжи да им дава плати на повеќе од десетте илјади вработени.

Компанијата денеска соопшти дека постепено ќе почне со отварање на некои од рестораните во главниот град Киев и во западните делови на земјата, подалеку од фронтот.

„Разговаравме со нашите вработени кои изразија силна желба да се вратат на работа и да видат повторно отворени нашите ресторани во Украина. Последниве месеци во компанијата постои уверување дека тоа ќе обезбеди мало, но важно чувство на нормалност“, се вели во соопштението на компанијата.

Мекдоналдс има 109 ресторани во Украина, но засега нема информации за тоа колку од нив ќе бидат повторно отворени за гостите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот