Меџити за пациентите со цистична фиброза: Се работи на прагматично и сеопфатно решение

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Се работи на прагматично и сеопфатно решение за лечење на пациентите со цистична фиброза, кажа Министерот за здравство Фатмир Меџити каде денеска присуствуваше на промоција на соба за доење во Клиничката болница Тетово.

„Овие пациенти беа вклучени од првиот ден кога јас дојдов за министер. После еден месец јас ја донесов првата „трикафта“ лекот, за тие првопланирани осум, па после 12 пациенти, нели со поевтина цена за да можеме да го зголемиме бројот на пациенти, тоа што никој не веруваше досега. Јас лично верував во себе и за толку кратко време овој проблем го решив. Така ќе постапиме, ќе треба точно да се одреди локацијата каде ќе бидат згрижени понатаму пациентите, затоа што немаше ни стручна комисија немаше ни јасни протоколи“, истакна Меџити.

Меџити за болниците во Кичево и Штип повтори дека двата договори за доградба на тамошните објекти се раскинати.

„Договорот е раскинат за Кичево исто како и за болницата во Штип, поради прагматични причини за да не се дозволи да се продолжат да се влечат проблемите, поради прагматичност и ќе се пристапи кон нова постапка за реализација на овие проекти. Сега со нова одлука нема да зависат од Министерството за финансии. За јавните набавки за нови лифтови во тетовската болница процесот е во второстепен комисија и се поништува во два наврати“, рече Меџити.

Тој најави и ригорозни мерки за пушачите кои го кршат законот и пушат во недозволени простории.

„Денес зборувавме на редовниот понеделнички колегиум со службите во Министерството. Ќе има ригорозни мерки за пушењето во идната 2024 година, а потпишан е протокол со Светска здравствена организација. Нека си ја мислат пушачите како понатаму, посочи Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот