Медведев контра Фон Лајен: Банкротот на Русија може да предизвика банкрот на Европа

Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Поранешниот руски премиер и потпретседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев вели дека „европскиот финансиски систем не е стабилен“ и дека „Европејците ја губат довербата“.

Според руската прорежимска новинска агенција ТАСС, блискиот соработник на Путин Медведев ги коментирал неодамнешните изјави на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која рече дека банкротот на Русија е „прашање на време“.

„Банкротот на Русија може да доведе до банкрот на Европа, и морален и, сосема веројатно, реален“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм.

Тој иронично додаде дека „Властите на ЕУ можат да очекуваат голема благодарност од обичните Европејци за хиперинфлацијата за која не може да се обвинат злобните Руси, за недостатокот на основни прехранбени производи во продавниците и за приливот на бегалци, што ќе создаде бран на насилни злосторства“ напиша Медведев.

Во тој случај, жителите на Брисел ќе мора да ја сменат својата реторика. Во спротивно, чадот од запалените гуми ќе се шири низ улиците на европските градови во чест на хероите на Мајдан“, напиша сојузникот на Путин.

Што се однесува до изјавите на Фон дер Лајен, Медведев пишува дека тие „не се занимаваат со страдањето на народот, со крајот на специјалната воена операција или со желбата за мир во Украина, туку со банкрот на Русија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот