Медведев: Ќе мора да употребиме нуклеарно оружје, доколку успее украинската контраофанзива

Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на Русија ,Дмитриј Медведев,  смета дека руската војска одбивајќи ја контраофанзивата на колективниот непријател, Украина,  ги штити граѓаните на Русија и нашата земја. Според него, тоа им е јасно на сите пристојни луѓе.

Медведев исто така тврди дека и руските вооружени сили спречуваат нуклеарен конфликт.

„Ако замислиме дека украинската контраофанзива успее со поддршка на НАТО и дека тие окупираат дел од нашата земја, тогаш врз основа на правилата на указот на претседателот на Русија од 6 февруари 2020 година, би морале да одиме на употреба на нуклеарно оружје“ – напиша Медведев на Телеграм.

Поранешниот руски претседател наведува дека нема друг излез, па затоа, како што вели „нашите непријатели мора да им се молат на нашите воини, затоа што тие не дозволуваат да се разгори глобалниот нуклеарен пожар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот