„Ме наместија“: Ники Минаж уапсена на аеродромот во Амстердам

Ники Минаж / Фото: EPA-EFE/MIKE NELSON

Американската раперка Ники Минаж е приведена на меѓународниот аеродром „Схипхол“ во Амстердам, Холандија, објавија локалните медиуми.

Минаж снимила дел од средбата со полицијата и ја објавила на социјалните мрежи. На видеото јасно се слуша како полицаецот ѝ вели: „Уапсена сте“.

„Се обидоа да ме спречат да дојдам на концертот. Ми ги земаа торбите пред да можам да ги видам. Ги ставија во авионот. Сега велат чекаат царина. Вака изгледа кога на луѓето им се плаќаат големи пари за да се обидат да ја саботираат турнејата откако сè останато не успеа. Сè што направија е незаконски“, се пожали таа.


Холандската полиција соопшти дека „41-годишна Американка е уапсена под сомнение дека поседува лесни дроги“, но не го навела името на жената за која станува збор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот