Мажите обожаваат да ги бакнувате на овие места…

Зголемете ја страста и не се штедете. Вклучете ги бакнежите до максимум. Мажите едноставно обожаваат да бидат бакнувани на овие шест места. Погледнете кои се тие…

1. Ушите

Бакнежите на ушите предизвикуваат огромно задоволство. Можеби не сте знаеле, но тие се сметаат за втората најчувствителна ерогена зона кај мажите по тестисите. Слободно играјте си со нив!

2. Брадавиците

Не срамете се да им обрнете внимание. Брадавиците обично се поврзуваат со жените, но тие претставуваат силна ерогена зона и за мажите. Исто како кај жените, нивната чувствителност може да варира, така што ќе треба да откриете дали тоа му се допаѓа и на вашиот партнер. Но, не ја отфрлајте таа можност без да се обидете!

3. Вратот

Сигурно досега сте го бакнувале вратот на вашиот партнер, така што ова и не е некое големо изненадување, но добро е за загревање на работите. Нежните бакнежи на вратот ќе му ја зголемат циркулацијата на крвта, а вам токму тоа и ви треба.

4. ’Рбетот

’Рбетот е многу чувствителен на допир, така што ќе треба да бидете многу внимателни. Целото негово тело ќе затрепери доколку нежно поминете со прстите или со усните низ ’рбетот. Долниот дел од грбот е исто така многу чувствителен, па слободно задржете се таму подолго време.

5. Срамната коска

Поточно, областа околу неговиот пенис. Доколку си играте со усните на ова место, но не го допрете пенисот, тоа ќе му предизвика дополнително чувство на возбуда и неизвесност што потоа ќе доведе до огромно задоволство.

6. Внатрешниот дел од бутовите

Бакнежите во овој дел залажуваат и стимулираат истовремено. Играјте си со внатрешниот дел од неговите бутови на сличен начин како со срамната коска. Вашиот партнер ќе се најде во малку ранлива позиција, но тоа е една од убавините на сексот и предиграта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот