„Машината“ Кил го декласираше Вардар, за навивачите чиста „десетка“!

rkvardar.mk

Уште од самиот старт изненадувачка серија од 0:3 на Кил, поминаа пет минути од мечот Вардар сеуште беше без погодок, а после промашувањето на Кристопанс, казни Дувњак со вториот погодок за 0:4 и прв принуден тајм аут на Писонеро.

Фантастична беше поддршката од трибините, скоро 6.500 грла грмат Вардаре, Вардаре, но ниту пенал не реализираше Дибиров, ниту чиста контра од страна на Скубе, дури во 12 минута беше постигнат првиот гол и тоа од седмерец од страна на Чупиќ (1:4).

Но,ништо не се промени после тоа, се разбрани и Ландин на спротивната страна, неколку нереализирани напади, тоа беше казнето со нова серија на ривалит од 0:3 за неверојатни 1:7 во 15 минута од средбата.

Што ли се случуваше со европскиот шампион, сите беа покирани на трибините, во тек беше 19 минута неверојатна негатива од 1:10. Да, факт беше дека Кил го имаат за противник, но и не се очекуваше толку слабо издание од страна на ракометарите на Писонеро. Конечно во 20 минута и вториот гол на Вардар преку Кристопанс за 2:11. На паузата Германците си заминаа со „двоцифрена“ разлика од 4:16.

Ништо не се промени на стартот од вториот дел, популарните „зебри“ ја одржуваа и натаму високата позитива од 10:21 во 40 минута. На резултатски план конечно мож да се каже дека беше и достоен, беше стопено на 14:22 на 15 минути д крајот на мечот, а Дибиров кој беше најрасполоќен постигна за 15:22, но веднаш возврати Винчек.

Публиката правеше неверојатен притисок врз нападите на Кил, што имаше ефект и Вардар дури намали на минус пет (18:23), но веднаш возвратија играчите на Јиха со два гола во низа во 50 минута. Кил до крајот рутински ја одработи задачата

Во наредното петто коло „црвено-црните“ предводени од тренерот Давид Писонеро на 19 октомври (17.30 часот) во Унгарија ќе ги чека уште еден голем предизвик, Веспрем на нашиот репрезентативец Дејан Манасков.

Лига на шампиони, 4. коло

СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

Вардар-Кил 20:31 (4:16)

Вардар: Гедбане (5 одб.) 2, Кугис (3 одб.), Атман, Чупиќ 2, Дибиров 5, Димитриоски, Дисингер 2, Горбок, Горпишин, Калараш 2, Кристопанс 4, Шишкарев 3, Сикошек Пелко, Скубе, Стоилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот