МАСАКР ВО АЛАБАМА: Тинејџер убил пет члена на својата фамилија и сам повикал полиција (ВИДЕО)

Џејсон Стар од Алабама е обвинет дека го наредил убиството на неговата поранешна сопруга/Фото: МИА

Четиринаесетгодишник во САД застрела пет члена од своето семејство во државата Алабама, соопшти локалната полиција.

Тинејџерот се јавил сам во полиција и рекол дека застрелал пет члена на неговото семејство во домот, објави канцеларијата на шерифот на округот Лиманстаун, на границата со Тенеси, јужно од Нешвил.

– Тој сега им помага на истражителите да го најдат оружјето, пиштол со калибар од девет милиметри за кој рече дека го фрлил во околината, наведоа властите.

Три лица починале на местото на нападот, а двајца биле однесени во болница во критична состојба каде им подлегнале на повредите, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот