„Марка“: УЕФА ќе ги суспендира ЛШ и Лигата на Европа

Угледниот шпански весник „Марка“ ексклузивно објави дека УЕФА во текот на денот и официјално ќе ги суспендира Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Засега нема официјална потврда, но сознанието дека фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани, е позитивен на коронавирус, но и дека од денеска екипите на Интер, Јувентус и Реал Мадрид се во карантин, „Марка“ од свои извори во европската куќа на фудбалот дознава дека УЕФА ќе мора да попушти и да ги суспендира натпреварувањата.


Бранот на одложување и суспендирање на натпреварувањата продолжува и денеска Ла Лига одлучи да нема фудбал во наредните две недели, а тоа од понеделник ќе го стори и Бундеслигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот